Нобеловката Малала првпат во родниот град по нападот
Најмладата добитничка на Нобелова награда во историјата, Малала Јусуфзаи денеска пристигна во својот роден град Мингаора, првпат откако талибански екстремист во 2012 година ја застрела поради нејзиното залагање за едукација на девојчињата.
Таа, заедно со своето семејство пристигна со воен хеликоптер во долината Сват. Малала планира да се сретне со своите роднини и пријатели.
Малала во октомври 2012 година беше застрелана во глава од припадник на талибанците, кој упадна во училишен автобус, барајќи ја неа. Таа во многу конзервативните делови на Пакистан го афирмираше правото на жените на образование, поради што стана мета на атентатори.
Таа беше застрелана на 14 година, а на 17-годишна возраст стана најмлад добитник на Нобелова награда, напиша книга, зборуваше во Обединетите нации и се стртна со бегалциите. По нападот таа основа фонд Малала, кој според неа, има потрошено шест милиони долари за училишта, книги и за ученички униформи.
Малала во вчерашното интервју за независната телевизија „Гео њуз“ се заблагодари на армијата на Пакистан што и обезбеди медицински третман по ранувањето. Таа беше оперирана од воен хирург, а на посттрауматско лекување замина во Велика Британија, каде студира.
Малала планира по завршување на факултетот во Велика Британија да се врати и да живее во Пакистан.
Таа вчера се сретна и со пакистанскиот премиер Шахид Кан Абаси.
Малала во четвртокот пристигна во Пакистан, а в понеделник се враќа во Велика Британија.
Ново на Сител
-
Определен притвор за битолскиот хирург осомничен за мито
-
Министерката Јаневска доби најмногу прашања на седница
-
СДСМ и Левица со заедничка иницијатива – проблемот со загадувањето се сели во Собрание
-
Депонии покрај Треска – секој фрла ѓубре каде ќе му текне: Како до решение?
-
Бојкотот на маркетите – аларм за трговците и власта
-
Советниците на Град Скопје пак не дозволија да се набават нови автобуси за ЈСП
-
Грипот во пораст – Комисијата за заразни болести ја следи состојбата
-
Седница за пратенички прашања во Собранието