-->
-->
Њукасл го отпушти Мекларен
-->
Фудбалскиот клуб Њукасл Јунајтед официјално му врачи отказ на менаџерот Стив Мекларен, поради серијата лоши резултати поради кои клубот падна на претпосленото место во Премиерлигата.
Поранешниот англиски селекторт менаџерската функција ја презеде во јуни 2015 година, во неговиот мандат клубот вложи околу 80 милиони фунти во засилувања, но Њукасл на 28 натпревари во Премиерлигата има забележано само шест победи, истот толку пати одиграл нерешено и загубил 16 натпревари.
Во пресрет на последните девет кола, Њукасл, се наоѓа на претпоследното место со 24 бодови, со бод помалку од најголемиот ривал Сандерленд, кој се наоѓа во безбедната зона.
Мекларен е поранешен тренер на Мидлсброу, Твенте, Волфсбург, Нотингем Горест, КПР и Дерби Каунти.
Според англиските медиуми нов менаџер на Њукасл ќе биде Рафаел Бенитез, кој пред два месеци доби отказ во Реал Мадрид. Наводно Њукасл му понудил на Шпанецот годишна плата од 5,1 милиони фунти, колку што заработуваше во Реал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница