Њујорк со прва карантин зона поради коронавирусот
Властите во Њујорк ја прогласија првата зона ставена под карантин од коронавирус во САД, се работи за територија со радиус од еден и пол километар околу Њу Рошел, мало гратче северно од Њујорк. Додека поради ширењето на вирусот низ целата земја се откажуват разни настани како конференции, концерти или промоции.
Како што синоќа изјави Ендрју Куомо, гувернер на сојузната држава Њујорк, станува збор за зона на запирање на инфекцијата околу една локална синагога каде повеќемина верници се заразиле од вирусот.
Мерките со карантин ќе важат до 25 март. Сите училишта и објекти каде се собираат луѓе во таа зона ќе бидат затворени две недели, започнувајќи од утре. Продавниците ќе работат а движењето на локалните жители нема да биде ограничено. Во сојузната држава Њујорк се регистрирани 170 случаи на коронавирус, додека низ САД веќе се над илјада.
Поради смртоносниот вирус, во земјата се затвораат училишта и универзитети, се откажуваат разни настани како конференции, концерти или планирани промоции. Во Њујорк на пример, Меѓународната автомобилска изложба планирана за април, е поместена да се одржи во септември.
Екс-потпретседателот Џо Бајден и сенаторот Берни Сандерс вчера ги откажаа своите митинзи во Кливленд, Охајо, каде следната недела се одржуваат примарните избори за номинација претседателски кандидат.
Во Калифорнија пак, вчера беше откажана Коачела, еден од најголемите концертни и уметнички фестивали во САД, а Холивуд претходно ја одложи промоцијата на најновиот филм со Џемс Бонд, „Нема време да се умре“, од април за во ноември.
Ново на Сител
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија