Нинова им честита на Радев и Јотова на победата на изборите во Бугарија
Лидерката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова, им честиташе на актуелниот претседател на Бугарија, Румен Радев, и на потпретседателката, Илијана Јотова, на вчерашната победа во вториот круг од претседателските избори во земјата.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Нинова им честиташе на бугарските социјалисти кои беа најактивни за време на претседателските избори. Таа изрази надеж дека политичката ситуација во Бугарија ќе се смири и дека ќе се преземат сериозни чекори за формирање функционална влада, парламент и за решавање на кризите во земјата.
-Од вторник почнуваат со работа работните групи меѓу БСП и победникот на изборите во Бугарија, „Промените продолжуваат”, изјави Нинова, порачувајќи дека и синоќа таа разговарала со Кирил Петков.
Компромисите за БСП ќе бидат разумни, додаде таа.
-За време на првите разговори планиран е четиригодишен мандат и на тој начин се поставени политиките и приоритетите, објасни лидерката на БСП.
На нив не се разговараше за имињата и распределбата на министерствата, нагласи Нинова.
Таа потсети дека приемот на РС Македонија во ЕУ не може да биде на сметка на бугарскиот национален интерес и историските факти. А, најави и дека нема да ја поддржат ратификација на Истанбулската конвенција.
Во јануари 2022 година ќе се одржи конгрес на БСП, потоа ќе има процедура за реизбор на претседател, но кој ќе биде избран за лидер на БСП ќе мора да ги спроведува одлуките на колективните тела, а тие нема да бидат сменети, категорична беше Корнелија Нинова.
Ново на Сител
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори