Нимиц: Има позитивен моментум во Скопје и Атина за спорот за името

Медијаторот во преговорите за името Метју Нимиц, пред утрешната средба во Њујорк, вели дека има позитивен моментум во Скопје и Атина за решавање на долгогодишниот проблем со името.
– Низ годините, јас дадов разни сугестии. Некои од нив биле корисни за една од земјите. Некогаш, пак, тие биле корисни за другата земја. Ќе се потрудам да ги земам предвид елементите, кои сум ги слушнал и од двете страни. Не сум претставил ниту една идеја во последниве неколку години. Не беше соодвенто да давам идеи со оглед на тоа што се случуваше. Но, сега мислам дека имаме добри преговарачи. Василакис е искусен и го познава прашањето многу добро. Исто така и Наумовски е многу ефективен дипломат. Тие се и колеги и ќе се обидеме со некои идеи, вели Нимиц во интервјуто за грчката национална телевизија ЕРТ .
Според него новата Влада во Скопје е многу заинтересирана да го реши прашањето за името и има позитивен моментум меѓу двете земји.
Ново на Сител
-

ПСЖ по пенали го совлада Арсенал и ја освои Лигата на шампионите.
-

ЛШ финале: ПСЖ и Арсенал играат продолженија
-

Мицкоски - Мацут: Јакнење на регионалната поврзаност, инвестициите и соработката
-

Туск по заканата на Медведев: Земјите од НАТО треба сериозно да ги сфатат руските провокации
-

Мицкоски од Нови Сад: Народот кој го чува својот јазик никогаш не останува без дом
-

19-годишен мотоциклист загина во сообраќајка во Скопје
-

Алиу: Законот ги штити децата и непушачите, усогласен е со сите засегнати страни
-

Километарски колони и доцнења на граничниот премин Евзони/ Богородица за влез во Грција
