Николовски во Велес претстави мерки за младите и за фирмите
Носителот на кандидатската листа на СДСМ во третата изборна единица Љупчо Николовски денеска на средби со граѓани во Велес престави мерки на партијата за младите и за поддршка на фирмите.
- Ќе обезбедиме европска младинска ганација која ќе гарантира дека секој млад човек во рок од четири месеци од завршувањето на образованието, ќе добие понуда за работа, ќе добие понуда за тренинг односно продолжување на неговото образование, односно негово доусовршување, изјави Николовски.
За секој млад човек со добра бизнис идеја, додаде Николовски, ќе обезбедиме фонд од три милиони евра годишно, преку којшто секоја бизнис идеја ќе ја финансираме со 10.000 евра неповратни средства од државата.
- Во првите четири години ќе обезбедиме 140 милиони евра финансиска поддршка за секое домашно мало и средно претпријатие. Ќе отвориме старт-ап бизнис центри во кои токму младите ќе можат да отворат компанија и ќе добијат целосна инфраструктурна, комунална, сметководствена и правна поддршка за својата бизнис идеја и претпријатие, рече Николовски, додавајќи и дека планираат промени во казнената политика и даночниот систем.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арбен Таравари, министер за здравство и лидер на АА
-
Меџити: Ова е почеток на крајот на Европскиот фронт, следува нов бран на дестабилизација во ДУИ
-
СДСМ: Божиновска должи одговори
-
Таравари за смртта на 14 месечното бебе - Лична одговорност мора да има!
-
На интернет измами најчесто наседнуваат луѓето со ниски примања, велат психолозите
-
ВМРО-ДПМНЕ: 250 евра за секој студент - 10 милиони евра фонд за бизнис за млади
-
Само 1% од вработените во ЈКП-ЈА се лица помлади од 35 години, а 65% постари од 55 години
-
Потребна е поголема поддршка на жените земјоделки