Николовски: Твое право, твоја должност: Кажи НЕ за корупција!
Корупцијата влијае на општествениот, политичкиот и економскиот развој на цели народи. И развиените и неразвиените земји се ранливи на корупција, а таа е најголема, таму каде што демократските вредности се слаби.
Ова го објави заменик-претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски на неговиот фејсбук профил денеска по повод одбележувањето на 9 декември – Меѓународниот ден за борба против корупција.
– Меѓународниот ден за борба против корупцијата е ден кога владите, стопанството, граѓанските организации и целото општество треба да ја потврдат својата посветеност да работат заедно за да стават крај на разорното влијание на корупцијата врз животите на луѓето, напиша Николовски.
Вицепремиерот Николовски потенцира дека корупцијата е закана за функционирањетo на системот, владеењето на правото, за буџетот, за економскиот развој и најважно, за животниот стандард на граѓаните во секоја држава.
– Да ставиме крај на корупцијата! Да создадеме подобро утре за сите нас. Да го симнеме превезот на тајноста и да ги расветлиме криминалните дејности! Само така ќе има правда!Сега се е јавно! Корупцијата не се исплати! Твое право, твоја должност: Кажи НЕ за корупција! , порачува Николовски преку неговиот ФБ профил.
Ново на Сител
-
Расчистена кражба во Гостивар
-
Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени
-
Општините ќе одлучуваат дали ќе ги легализираат или рушат дивоградбите
-
Американската централна банка потврди рекордна загуба
-
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
-
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
-
Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата