Николовски: Се реализираат проекти за олеснување на условите за живот на граѓаните
Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски одржа работна средба со градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски на која главен акцент беше планот и временската рамка за борба против корупцијата и криминалот на локално ниво, а оствари посета и на дел од локациите опфатени во проектите за регионален развој.
-Континуирано вложуваме во рамномерен регионален развој и подобрување на инфраструктурата во секоја општина во државата со единствена цел, подобрување на квалитетот на живот и условите за живот на локално ниво. Денеска сме тука во Крива Паланка, во мојот роден град, една од општините опфатени со 23-те проекти преку програмата ТАВ, одлуки којшто ги донесе Владата овој месец. Ова се проекти за граѓаните, проекти за инвестиција во локална патна инфраструктура, водоводна, канализациона мрежа, реконструкција на училишта, градинки, спортски објекти и се друго што гледаме дека се гради во и околу Крива Паланка, а како што кажа и градоначалникот, после децении и многу години овде има целосен бум во градежништвото. Со овие проекти во Крива Паланка ќе се асфалтира улицата „Вршачка“ во нас. Долно Грамаѓе, дополнително ќе се реконструираат улиците во населбите Чифлик и Мезовски Ливади, за што веќе следната недела ќе бидат потпишани договорите. Со овие проекти се олеснуваат условите за живот на граѓаните и пристапот и гравитацијата концентралното градско подрачје, изјави Николовски.
Посочи дека важен проект за градот е и тековниот, со кој се врши реконструкција на градскиот плоштад и парк, со средства од Светска банка од над 48 милиони денари.
-Денес во име на Владата го предадовме новиот дополнителен договор за грант во висина од 6 милиони денари, кои со дополнително учество на општината од околу два милиони денари ќе придонесат за комплетирање на проектот кој треба да заврши до 30 август, а според мене претставува еден од најкапиталните инфраструктурни проекти за општината и за сите генерации, додаде Николовски.
Според Мицевски, на средбата, покрај главната тема – планот и борбата против корупцијата и временски рамки, кој е усвоен на локално ниво, посетата на вицепремиерот е искористена и за дискусија за значајните проекти кои тековно се реалзиираат во и околу Крива Паланка.
-Радосна вест од денес се обезбедени дополнителни шест милиони денари кои со сопствено учество на општината од два милиони, ќе се комплетира проектот за градски плоштад и парк. Би замолил за уште мало трпение од страна на целокупната кривопаланечка јавност за целокупниот сообраќаен метеж што се создава во централното градско подрачје, но, проектот ќе мора да заврши до 30 август. Ова е еден од проектите со којшто сакаме да ја промовираме кривопаланечката култура и поднебје како што вели и насловот „Крива Паланка-Источна порта кон Европа“, а напоредно преку Биро за регионален развој и Министерство за локална самоуправа деновиве потпишавме два нови договори за грантови: 1.5 милинои денари за ренивирање на фасадата на ЛУ Градски музеј и 4.5 милиони денари за реконструкција на Национална установа Центар за култура, Крива Паланка по 40 години, додаде Мицевски.
Тој ги потенцираше и останатите инфрастуктурни проекти во општината: регулација на Крива Река, 2 километри со околу 40.000.000, а напоредно се работи и во руралните средини, што е, рече, резултат на добрата спрега помеѓу локалната и централната власт, а сето тоа, додаде, придонесува за подобрување на условите за живеење во градот,за да се повеќе млади ја гледаат и градат својата иднина тука.
Ново на Сител
-
Притвор за две лица од Струга за опожарување возило на охриѓанец
-
Пленковиќ: Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември
-
Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд
-
Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“
-
Се срамев од својот глас и не сакав да станам пејач | Александар Тарабунов | ПРОфесија | Sitel Podcast 071
-
Борељ и Муцунски потпишаа Партнерство за безбедност и одбрана
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска