Николовски: Првичните резултати покажуваат огромно водство на СДСМ и коалицијата
– Денеска имавме мирен и достоинствен изборен ден, како што доликува на една европска држава членка на НАТО. Им благодарам на сите граѓани кои излегоа да гласаат почитувајќи ги имерките за заштита од коронавирусот. Чинот на гласање е наш влог во демократскиот напредок. Сведоци сме на демократски и професионално спроведен изборен процес. Затоа треба да бидеме горди, бидејќи нашите институции можат да се носат со сите предизвици и да ги заштитат граѓаните, но и да обезбедат фер и демократски изборен процес. Наскоро очекуваме да пристигнат првичните резултати од избирачките места. Очекуваме сиурна победа за СДСМ и чист мандат за коалицијата „Можеме“. Уште еднаш, оваа прлика ја користам за да им заблагодарам на граѓаните и на институциите затоа што целокупниот изборен процес помина во најдобар ред. Очекувам дека и другите политички субјекти ќе им честитаат на државните институции поради успешниопт изборен процес – истакна Николовски.
Тој истакна дека првичните резултати коишто пристигнуваат до него покажуваат огромно водство на СДСМ и коалицијата.
Ново на Сител
-
Со 250 милиони евра годишно ќе се развиваат општините
-
Жителите на Оревоец судски и со блокади против ископ на материјал од страна на Бехтел и Енка
-
Велосипедистите бараат патека за поврзување на Охрид - Струга
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Панди Јани, претседател на партијата на слободата за Мала Преспа
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија
-
Јавните комунални претпријатија се превработени, но со несоодветен кадар
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија