Николовски: Пласман за зелката има, протестот е насочен кон цената и трговците

Пласман за зелката има, протестот е насочен кон цената и трговците, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Според него, инспекторите се на терен со цел максимална заштита на производителите.
-Го следиме откупот, нема простор за загриженост зашто пласман има. Протест е насочен кон цената и трговците. Инспекторатот ги презема сите мерки и контроли, целосно е фокусиран во Струмичко, во градинарскиот регион за да ги заштитиме производителите. Цената не беше 10, туку 20 денари. Обидите на некои од трговците да биде дополнително спуштена веројатно предизвика загриженост кај земјоделците, но ние сме постојано на терен, ги следиме состојбите и ако треба ќе интервенираме, истакна Николовски, одговорајќи на новинарски прашања по доделувањето на договорите за набавка на педигриран добиток.
Струмичките земјоделци за денеска во 12 часот најавија протестен марш со трактори низ улиците на градот и едночасовна блокада на главната крстосница. Тие пред два дена, кога ги посети директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, рекоа дека единствено исплатливо им е само ако зелката ја дадат по 30 до 35 денари за килограм. Секој откуп под таа цена, нагласија, е нерентабилен.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски во Теарце
-

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со селективна борба против корупција
-

Јаневска: Да го вратиме достоинството на наставникот
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
