Николовски очекува засилена реализација на капиталните инвестиции во земјоделството
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски очекува засилена реализација на капиталните инвестиции во земјоделството во втората половина од годинава.
Тој денеска изјави дека 10-те милиони евра предвидени во Програмата за рурален развој ќе бидат искористени исклучиво за капиталните инвестиции во земјоделството како што се проектот за наводнување на Јужновардарска долина, системот за наводнување Равен - Речица и браната Конско.
- Очекувам дека овој месец, Министерството за транспорт и врски ќе ги издаде одобренијата за градење на овие големи ситеми, а во браната Конско во следните неколку месеци очекувам засилена работа на терен. Распишан е и тендер за избор на иведувач во делот на Јужен Вардар, истакна Николовски, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата со директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.
Со ребалансот на Буџетот, Николовски очекува дополнителни средства во Програмата за рурален развој и за субвенции.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето