-->
-->
Николовски: Неопходни се системски мерки за подршка на пчеларството
-->
Министерот за земјоделество Љупчо Николовски денеска присуствуваше на отварањето на дводневниот Саем на мед во Кочани на кој учествуваат триесетина излагачи, производители на мед и пчелни производи од сите краеви на Македонија.
- Оваа манифестација е одлична можност граѓаните да се запознаат со врвните македобнски пчелни производи, а за пчеларите да разменат искуства кои ќе им помогнат во производството. Пчеларството е гранка која има посебен придонес за нашиот земјоделски сектор поради големото билошко значење на медоносните пчелни производи и опрашувањето на фуражните и овошните култури, а од пчеларството произлегуваат и високо квалитегни производи, истакна Николовски.
Познато е и огромното хранливо својство на пчелните производи бидејќи пчелите произведуваат производи кои не можат да се добијат во фармацевтските лаборатории. Затоа, истакна Николовски, плчелните производи имаат и висока вредност и се мошне барани на пазарот.
- Свесни сме дека оваа година поради временските прилики беше исклучително тешка за целиот земјоделски сектор, вклучувајќи ги тука и пчеларите кои претрпеа големи штети поради ниските температури и сушата. Како ресорно министерство сме во постојан контакт со пчеларските здруженија и со Сојузот на пчелари на Македонија со цел да најдеме соодветни мерки за решавање на проблемот, истакна Николовски.
Посочи дека меѓу првите исплати што ги направи МЗШВ беа субвенциите за пчеларите.
- Исплативме над два милиона евра во ист ден субвенции за пчелни семејства, а работиме и на спречување на нелојалната конкуренција која создава дополнителни проблеми на пчеларите, истакна Николовски.
Најави натамошна ефикасна подршка на пчеларството и зголемување на финансиска подршка во земјоделството и програмите за рурален развој.
- Неопходни се системски мерки за посеопфатно искористување на природните потенцијали во полза на пчеларството. Нашите идни политики ќе бидат во насока на развој и унапредување и создавање на конкурентни производи со висока додадена вредност, истакна министерот Николовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Фајненшл тајмс“ дознава за конкретните барање на Путин на преговорите со Трамп за Украина
-
Нетанјаху испраќа високи преговарачи на разговорите во Катар за постигнување договор за заложниците
-
Силекс ги почна подготовките
-
Околу 50 повредени во судир на два трамваи во Стразбур, петмина потешко
-
ИДФ изврши напад со дронови врз група оперативци на Хамас кои оперирале од поранешно училиште
-
Папата Франциск упати сочувство до жртвите од пожарите во Лос Анџелес
-
Шолц и официјално избран за кандидат на СПД за германски канцелар
-
Неуспешен обид за грабеж на маркет во Карпош