Николовски: Нема проблем со откупот на лубениците
Нема никаков застој во откупот на лубениците. Дневно се преземаат по 500 тони, а наши екипи се постојано на терен и ја следат состојбата, изјави денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
Одговорајќи на новинарски прашања по завршниот настан од проектот на Агенцијата за храна и ветеринарство за поефикасни контроли во делот на безбедноста на храната, Николовски напомена дека ако за која било култура, вклучително и лубениците, се процени дека има потреба, Владата соодветно ќе реагира, како во случајот со доматите.
- Во откупот на лубениците нема апсолутно никаков застој. Не е точно ниту дека земјоделците се незадоволни од односот на Владата зашто во секој еден случај, кога ќе се оцени дека е потребно, се носат дополнителни мерки како оние за праската, грозјето, пченицата,...рече министерот.
Според него, покрај интервентните, се носат и мерки кои на долг рок треба да ги решат проблемите.
Во врска со пченицата, Николовски истакна дека производната цена се уште не може да биде објавена зашто допрва треба да почнат жетвата и откупот.
- Очекувам постојано да се зголемува цената на пченицата пред откупот. Лани стоковните резерви од пченица се продаваа по шест денари пред жетвата што доведе до спуштање на цената. Сега Владата тоа не го дозволи, потенцира Николовски.
Министерството, дополни, навреме ги обезбедува субвенциите, кога им се најпотребни на производителите, ги следи состојбите и одржува континуирани средби со сите засегнати страни, лозарите, градинарите, производителите на пченица, винарите, преработувачите, мелничарите.
Ново на Сител
-
Судот во Перник: Пропустите на автопатот „Струма“ придонесоа за несреќата на „Беса Транс“
-
Бајден пред заминување ги заостри санкциите кон Западен Балкан
-
Петрушевски: Сите се дистанцираат од Груби, освен СДС
-
Панихида за Мара Бунева во недела, партијата Преродба со провокација
-
Министрите за интерпелациите: Уште еден обид на ДУИ за дестабилизација
-
Таравари: Нема лекарска грешка за смртта на седуммесечното бебе на детската клиника
-
Шуто Оризари „се дави“ во ѓубре, од Комунална хигиена велат редовно го собираме
-
Во Скопје и уште неколку поголеми градови во Македонија и денеска тешко се дише