Бизнис
9. March 2018 - 8:35

Николовски на трибина со земјоделци и откупувачи на градинарски производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска во Струмица ќе присуства на трибина со земјоделци и откупувачи за моменталната состојба со градинарското производство и откупот на земјоделски производи.

Како што информираат од МЗШВ, на трибината ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Јане Станкоски.