Николовски: Ќе се стави ред со службените картички на функционерите
Вицепремиерот задолжен за борба со корупцијата Љупчо Николовски на денешниот брифинг со новинарите најави анализа и систематизација за трошењето државни пари на функционерите.
„Во овој момент финансиските средства на службените картички на функционерите не се регулирани. На овие картички има онолку пари колку што ќе побара министерот и никој не го контролира нивното трошење. Ова мора да се реши системски и да се стави ред. Пари на овие картички мора да има само за она што е неопходно и што е во интерес на граѓаните. Во Македонија има илјадници јавни претпријатија кои немаат никаква функција, а директорите на овие институции земаат поголеми плати од премиерот и претседателот на државата. И нив никој не ги контролира. Сето ова мора да се реши" потенцираше вицепремиерот Николовски.
Неговата нова функција во Владата вели дека ќе биде координација на сите институции чија примарна задача е борбата со корупцијата.
Деспина Тодоровска
Ново на Сител
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар
-
Сквернавење на гробишта
-
Мицкоски: Народот е желен за правда, затоа може да протестира против Судски
-
Уставен спремен за подготвителната седница – домашни и странски експерти ќе дадат оценка за Законот за јазици
-
Бугарија испрати политичка порака деке не е заинтересирана за железничко поврзување со Македонија
-
Политичкиот притисок врз ССМ ќе се одрази во извештајот за напредокот на Македонија
-
Вработените во пошта се уште немаат земено плати
-
Мега инвестиција најави премиерот