Николовски: Интензивни разговори за пласман на зелка на рускиот пазар

Се подготвува понуда на македонска зелка за рускиот пазар. Се собираат податоците за расположливите количини и цените. Интензивно се водат разговори за пласман, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
По средбата со винарите во Градско, Николовски нагласи дека и денеска претставници од Министерството ќе имаат средба со производителите од Струмичко.
Украина и Русија засега не увезуваат македонска зелка зашто имаат прилив од други земји по многу поконкурентни цени.
- Во овие неколку часа се подготвуваат информации кои ќе бидат испратени до Македонско-руската стопанска комора која ги води разговорите. Верувам дека ќе имаме резултат, истакна министерот.
Според него, се вложуваат максимални напори не само за олеснување на извозот, туку и за обезбедување нови пласмани.
- Секој ден сме на терен во Струмичко. Вложуваме максимални напори да го олесниме извозот, но притисокот од други земји е многу голем и си го прави своето. Цената е многу поконкурентна од нашата, потенцира Николовски, додавајќи дека со Москва се разговарало и за царинските давачки кон Македонија. Средби со производителите од Струмичко ќе има и утре зашто Министерството, како што рече Николовски, упорно се труди да најде решение.
Цената на зелката во моментов, според министерот, е 12 денари за килограм.
Ново на Сител
-

Путин во официјална посета на Кина на 19 и 20 мај
-

Претседателот Абас во писмо до ОН бара повлекување на Израел од Газа и формирање палестинска држава
-

Кривична пријава за обид за разбојништво во Битола
-

Дневната програма на „Виноскоп“ одложена за утре поради врнежи
-

Владата на Тајван по предупредувањето од Трамп: Островот е независна нација
-

САД планираат да поднесат обвинение против Раул Кастро за инцидент од 1996 година
-

Најниска температура изутринава во Берово, Лазарополе и Попова Шапка
-

Шестмина убиени во сомнителен израелски напад во јужен Либан
