Николовски: Им се брои секоја чаша вода на министрите, нема функционери кои се луксузираат
Борбата против криминалот и корупцијата, како и стеснување на просторот и можностите за трошење на фунционерите и натаму се врв на агендата на Владата, но и на ресорот со кој раководи, порача денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. Во тој контекст тој најави дека неговиот кабинет во владина постапка предлага уредби за дефинирање и ограничување на тоа што е репрезентација, колку може министер или заменик министер или директор да потрошат. Дополнително, додаде Николовски, ќе бидат разрешени сите кај кои ќе бидат констатирани неправилности во работењето, истo како што тоа било случај и досега.
-Имаме разрешени повеќе директори, заменици директори, претседатели на управни и надзорни одбори… отколку што предложила Државната комисија за спречување на корупцијата, за кои информаците стасаа до мене директно од граѓаните и медиумите, рече Николовски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на сепарацијата за песок и чакал во Долно Коњаре.
Тој додаде дека како што стигнуваат иницијативите од ДКСК до неговиот кабинет, така и се постапува и оти тоа така ќе продолжи и во иднина.
-Дали иницијативите биле доставени на друго место ќе ги прашате од ДКСК, мислам дека го уредивме и тој дел секоја иницијатива да стасува и до нас. По секој основ каде е констатирано прекршување, вклучително и на кодексот, етичките норми и највисоките етички вредности кои ги промовираме секаде, се постапува, рече Николовски, додавајќи оти е уверен дека соработката со оваа институција ќе продолжи да оди по нагорна линија.
Тој истакна дека сега функционерите се однесуваат многу поразлично од тие во минатото.
-Многу е различно сега со овој кодекс од 2017 година наваму, кога ниту министрите во најголем дел не користат службени картички и им се брои секоја чаша вода. Нема такви функциоери кои сега се луксузираат и трошат на таков начин. Ако може да се откажеме од привилегиите, да правиме се да се намалат дискрециските права навистина мислам дека тоа треба да се почитува и бараме поддршка тоа да се направи не само за министрите и замениците, туку за секој еден избран функционер од Владата, за секој раководител на институција формирана од Владата или препораките за општините, потенцира вицепремиерот.
Тој рече дека нема да дозволи никогаш да се заборават некои работи, како недомаќинско работење и расипничкото трошење за кои имало и кривични пријави потпишани од него. Бара целосно процесуирање, разрешница и правда за секој случај за, како што истакна, да се врати довербата на граѓаните во сите институциии.
-Затоа од страна на мојот кабинет во владина процедура се неколку постапки водени со Државниот завод на ревизија за тоа како се трошело расипнички во изминатиот период, а уште нема одговорност иако има докази и кривични пријави. Мојот кабинет во владина постапка предлага уредби за дефинирање и ограничување на тоа што е репрезентација, колку може да троши министер, заменик министер или директор, како ќе се регулираат со акти службените картички и секо еден денар кој го тошиме од граѓаните, истакна вицепремиерот Николовски.
Најави дека ќе се регулира и користењето на возила, со што, уверен е, ќе се придонесе за се помалку непродуктивни тошења од страна на политичарите, а се повеќе пари за граѓаните.
-Денеска одиме чекор напред го трансформираме општеството, носиме европски вредности и нормално дека наш врвен приоритет е да ја менуваме реалноста, навиките, општеството и да работиме на искоренување на корупцијата во општеството, рече Николовски најавувајќи дека таа битка ќе биде неселективна и безкомпромисна.
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит