Николовски и Ѓорчев во САД на средби со високи претставници на Конгресот
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски и Владимир Ѓорчев, во рамки на посетата на САД, во Вашингтон остварија средба во Американскиот конгрес со директорот за политика на конгресот во САД Кристофер Татл и со шефот на администрацијата на комитетот на надворешни работи на Американскиот конгрес Бенџамин Пушер.
Како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за луѓе кои се дел од креирањето на политиката на американскиот Конгрес и нејзиното ефектуирање низ процесите со кои се управува.
На средбата се разговарало за достигнувањата кои ги има постигнато Македонија во повеќе области и сфери, вклучително и економијата, како и можностите за остварување на продлабочена институционална соработка и создавање добри услови за интензивирано пријателство.
По средбата, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Николоски оцени дека средбата била исклучително значајна.
- Разменивме мислења околу односите на Република Македонија и САД особено во однос на стратегиската ориентација на Македонија за членство во НАТО и ЕУ, исто така разговаравме за економските достигнувања на Македонија кои што високо се ценат тука, при што Македонија е една од ретките држави од регионот која има позитивни економски резултати, разговаравме за мигрантската криза, за претстојните парламентарни избори во Македонија, како и за соработката по изборите, истакна Николоски.
На средбата е изложена поддршката што САД и ја дава на Македонија во поглед на остварувањето на стратегиската цел за членство во НАТО.
- Високо ја цениме поддршката на Американскиот конгрес, заинтересираноста и на сенаторите и на конгресмените, како и на првиот човек што ја креира политиката на Американскиот конгрес и на првиот човек на администрацијата. Се надеваме дека овие средби ќе продолжат и во иднина и американската јавност, но пред се американските политичари и оние кои ги носат одлуките, ќе имаат подобро познавање на ситуацијата на Македонија како би можеле односите уште повеќе да напредуваат, изјави Николоски.
Ново на Сител
-
Араухо ја известил Барселона дека сака да си замине
-
Милановиќ убедлив победник во вториот круг претседателски избори во Хрватска
-
Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите во Хрватска
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар