Николовски: Ги отворивме вратите за земјоделците, покажавме како треба да функционира државна институција
Земјоделците во Македонија добија Влада која интензивно работи на брзо решавање на проблемите и не ги дели по партиска припадност, Влада која им ги отвори вратите и покажа како треба да функционира државна институција, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во разговор за МИА по повод првите 100 дена од стапувањето на функцијата.
Николовски се осврнува на реализираното во изминатите три месеци со напомена дека го наследил секторот во исклучително комплексен период, кога земјоделските активности се во полн тек, но и со многу, како што истакнува, нерешни проблеми од претходните години.
- Кога дојдовме во Министерството се соочивме со целосна блокада, и човечка и институционална, со низа опструкции чија цел беше јасна - да се блокира работата на новата Влада и по цена тоа да биде на штета на земјоделците. Од друга страна, откривме како се трошеле народни пари од претходниот состав на МЗШВ, за шопинзи по бутици, за кафеани, журки по странски дискотеки. Веднаш се насочивме кон санирање на овие состојби, нагласува Николовски.
Според него, новото раководство на Министерството затекнало и зголемен увоз на земјоделско-прехранбени производи, но и уценети земјоделци.
- Овие три месеци ние ги отворивме вратите за земјоделците, покажавме како треба да функционира една институција во функција на граѓаните, односно на земјоделците. Само преку отворен дијалог со сите чинители во секторот, можат да се постигнат посакуваните ефекти за развој на земјоделството, подвлекува министерот.
Во врска со субвенциите, информира дека досега, за три месеци, се исплатени над 60 милиони евра, а Платежната агенција во моментов ги обработува решенијата за преостаната сума од државната поддршка за 2016 година.
- За 2018 година се предвидени 160 милиони евра субвенции, а ќе се исплаќаат според календар на активности, тогаш кога на земјоделците им се најпотребни. Анализите покажуваат дека досега никогаш во целост не се исплаќале субвенциите за тековната година, туку многу поголеми суми се исплаќале по основ на заостанати долгови од претходни години. Ние таа пракса ќе промениме, посочува Николовски и дополнува дека при исплатата ќе се води строга контрола субвенциите да завршуваат кај вистинските земјоделци.
Окрупнување на земјоделското земјиште, рехабилитација и изградба на хидростистемите, ефикасност на искористувањето на ИПАРД средствата, безбедност на храната, подобрување на конкуретноста на стратешките извозно-ориентирани земјоделски производи, стимулирање на фирмите за промоција на странските пазари, зголемување на шумскиот фонд и негово многу поквалитетно чување и заштита од дивата сеча, се само некои, вели Николовски, од приоритетите на Министерството за земјоделство.
- Во периодот што следува интензивно ќе работиме на остварување на стратешките цели кои ќе гарантираат целосно искористување на развојниот потенцијал на земјоделскиот сектор, преку зголемување на земјоделските површини и приноси и подобрување на квалитетот и безбедноста на земјоделските производи. Тоа, пак, ќе значи и поголеми приходи за земјоделците. Нашата политика ќе биде насочена и кон зголемување на индустриско-преработувачките капацитети кои ќе бидат извозно ориентирани и ќе создаваат производи со повисока додадена вредност, а еден од клучните е и проектот за реонизација на земјоделското производство, потенцира Николовски.
Тој утре, заедно со премиерот Зоран Заев и други владини претставници, патува за Израел каде, како што најавува, ќе има средба со својот израелски колега, но ќе го посети и научно-истражувачкиот ценар за земјоделство „Вулкани“.
- Ќе оствариме и средби со неколку израелски комапании, светски познати во областа на системите за наводнување. Овие средби се одлична можност да се запознаеме и да искористиме искуства кои ќе ни помогнат за развој на македонското земјоделство. Особено се добредојдени искуствата на Израел во делот на наводнувањето. Македонија за разлика од Израел има одличи климатски и почвени услови за земјоделско производство, кои треба да се искористат за да дадат максимум ефекти, информира Николовски во разговорот за МИА.
Ново на Сител
-
Гвардиола: Никогаш не сум имал поголема верба во моите играчи
-
Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода
-
Шефовите на дипломатиите на арапските земји бараат итен прекин на огнот во Газа и Либан
-
Кривична за вработена во градинка, и се заканувала на нејзина колешка
-
Семеен масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил
-
Лекар од Гевгелија нападнат од возач во Итната медицинска помош
-
Приведено лице од Кочани, ВИН бројот во неговата сообраќајна дозвола и на возилото не се совпаѓале
-
Вучиќ: На грубоста, невоспитанието и ароганцијата ќе одговориме со уште повеќе работа