Николовски – Гечев: Унапредување на соработката во земјоделството меѓу Северна Македонија и Бугарија
![]()
Зајакнување на меѓусебната размена на земјоделско-прехранбени производи на пазарите во Северна Македонија и Бугарија, особено во услови на светска криза, со цел обезбедување доволни количини на храна за граѓаните во двете држави, беше главна тема на разговор на денешната работна средба во Скопје на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски со неговиот бугарски колега Јавор Гечев.
![]()
Како што соопшти МЗШВ, двајцата министри истакнаа дека денешната средба е показател за заедничко унапредување на соработката помеѓу Скопје и Софија во областа на земјоделството.
![]()
– Меѓусебната соработка е потврдена и зајакната преку потпишувањето на Меморандумот за разбирање помеѓу двете министерства, за соработка во областа на земјоделството, земјоделските науки, руралниот развој и шумарството. Овој Меморандум беше потпишан на 25 јануари 2022 година, за време на втората заедничка седница меѓу владите, која се одржа во Софија, се наведува во соопштението од МЗШВ.
Ново на Сител
-

Пациентите со дијабетес алармираат за недостиг од терапија и сензори
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Велигденски поскапувања
-

Цените на нафтата повторно растат, Иран обвини дека договорот за примирје не се почитува
-

Израелските напади на Либан го загрозуваат примирјето меѓу САД и Иран
-

Инспекција не стигнала до „Пулс“ пред трагедијата, објектот бил затворен, новата фирма без надзор
-

Токсиколошките анализи се направени и ќе бидат презентирани во судска постапка
-

Одложена јавната расправа во скопска Aпелација по жалбата на осудените за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
