Николовска: По зетот на Заев лиценца за марихуана добил и синот на Боро Малборо
![]()
Скандалот “Канабис – милионите на Заев” го достигна врвот. Денеска ќе објавиме нов скандал во врска со фирма која добила концесија за одгледување марихуана.
Фирмата ЦМД Медплант од с. Борисово, Ново Село, е фирмата која добила лиценца, а чиј сопственик е Перо Стојчев, син на поранешниот осуден градоначалник од СДСМ Боро Стојчев.
Замислете, Владата на Заев издала лиценца на фирма на синот на осудениот градоначалник од СДСМ за шверц на цигари, Боро Стојчев. Неспојлива и несфатлива е поврзаноста помеѓу семејството Стојчеви и медицината.
Што ли треба да очекуваме од оваа фирма?
Дали Зоран Заев навистина доделил лиценца на синот на осудениот за шверц градоначалник на СДСМ од Ново Село Боро Стојчев?
Ако видовме дека шверцот на цигари е семеен бизнис на градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев, дали ова значи дека нареден семеен бизнис на Стојчеви е шверцот на марихуана?
Која е цената на оваа издадена лиценца? Дали оваа лиценца е издадена во замена за укинатиот семеен бизнис со шверц на цигари од претходно?
Ова е можеби и врвот на скандалот “Канабис – милионите на Заев”, скандал пред кој не смеат да замижат ниту јавноста, ниту институциите.
За ова одговорност мора да има.
Зоран Заев очаен пред падот на својата власт, доделува лиценци на кого стигне, меѓу кои и на син на осуден градоначалник за шверц на цигари.
Следува Обнова на Македонија после 12 април и следува одговорност за сето ова што го прави Владата на Заев.
Ново на Сител
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
-

Путин: Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили
-

Во Франција денеска ќе бидат затворени повеќе од 400 средни училишта поради протести на учениците
