Николоски во Рим на средба со сенаторите Кандура и Пелегрини
Во рамките на својата работна посета на Рим, утрово потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски оствари работна средба со Сенаторот Масимо Кандура и Сенаторот Емануел Пелегрини.
Сенаторот Емануел Пелегрини и сенаторот Масимо Кандура се дел од парламентарната делегација на Италија во парламентарното собрание на НАТО и се членови во комитетот за Правда на Република Италија. Сенаторите Кандура и Пелегрини се членови на највисокото раководство на партијата Лега на Салвини, а Сенаторот Кандура е и директор на Фондацијата Италија – Соединети Американски држави.
На средбата се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и партијата Лега, како две партии од десниот политички спектар како и подобрување на односите помеѓу Македонија и Италија.
Беше констатирано дека и Македонија и Италија се соочуваат со истите проблеми кога владее левицата. Корупција, нарушување на системот на владеење на правото, миграција како и силно влијание на политиките на Сорос.
Договорено е двете партии да продолжат со соработката. При што партијата Лега ќе оствари и возвратна посета на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија во следните месеци, а договорено е и средба на највиско ниво во блиска иднина.
Николоски исто така ги информираше соговорниците за корупцискиот скандал „Рекет“, лошата економска состојба и катастрофалните економски политики на Владата, како и слабата реализација на реформи, за зголемиот криминал и корупција во Република Македонија. Беше констатирано дека ова лошо владеење мора да заврши со оставка на Владата на Заев и брзи предвремени избори.
Ново на Сител
-
Детали од МВР за вчерашната сообраќајка кај Мислешево
-
Поднесена иницијатива за испитување на уставноста за преименување на улиците во Тетово од 2007 година
-
Скршени и откорнати клупи, расфрлан отпад, вандализиран „Жена парк“ во центарот на Скопје
-
Европската централна банка ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за Народната банка до 2027 година
-
Жените недоволно застапени во високото образование
-
Рама за апсењето на Велиај: Го одведоа од канцеларија и го затворија во ќелија без судење, го оставија градот без „глава“
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени пет лица мигранти
-
Гутереш го повика Хамас да продолжи со ослободување на заложниците