Николоски: Уште шест нови авиолинии до крајот на годината
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата Само интервју на Канал 5 синоќа најави уште најмалку шест нови авио линии од скопскиот и охридскиот аеродром.
- Веќе донесовме четири од Скопје и две од Охрид, а овие нови шест дополниелно ќе ги објaвиме до крај на годината. Ќе имаме нови дестинaции. До крај на годината уште нови шест линии ќе објавиме кои ќе оперираат од скопскиот и охридскиот аеродром. Кога дојдов на позицијата министер увидов дека бројот на патници се намалуваше, а аеродормите во регионот ја зголемуваа конкуренцијата. Морам да кажам дека по кракатер имам натрпреварувачки дух и тоа беше голем мотив да ги сменам работите и еве сега се менуваат работите. Ќе имаме нови дестаинации и нека повелат колегите од Бугарија, Албанија, Србија да се натпреваруваме, мислам дека јас ќе донесам најмногу авиолинии, истакна Николоски.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот
-
За Водици се очекуваат голем број посетители
-
Снежен бран ја очекува Македонија