Николоски: Поскапувањата сериозно ќе удрат по џебот на граѓаните

Потфрлањето на СДСМ во економијата ќе го плаќаат граѓаните преку поскапување на бензинот, дизелот и струјата што е исто како да се воведе данок на крв, затоа што сериозно ќе удри по џебот на граѓаните и ќе поскапат основните намирници на живот, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање за при денешната посета на Општина Гази Баба.
- Интересно е како ги бираат зборовите. Во конкретниов случај поскапувањето на бензинот и на дизелот, се решија да го крстат како еколошка такса. Јас повеќе би рекол дека е данок во крв отколку еколошка такса, затоа што се цица крвта од македонскиот народ и од граѓаните на Македонија. Затоа што поскапувањето на бензинот и на дизелот за 4 денари ќе удри по џебот на секое семејство и директно за сите кои имаат автомобили, но и индиректно затоа што ќе поскапи транспортот, а со тоа и производството на многу производи почнувајќи од лебот, продолжувајќи преку основните намирници, истакна Николоски.
Тој потенцира дека покрај поскапувањето на бензинот и дизелот власта во моментов работи на нова цена на електричната енергија која се очекува исто така да поскапи и тоа во двоцифрен процент во однос на ова што е досега.
- Што значи дека има едно целосно потфрлање на владата во економијата кое треба да го плаќаат граѓаните, преку овој како што го нарекувам данок во крв преку поскапување на бензинот, дизелот, но и на струјата. Но и на тоа ќе дојде крај на следните избори, нагласи Николоски.
Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека прекинот на огнот е на „апарати за дишење“, го нападна „глупавиот предлог“ на Иран
-

Товарно возило усмрти 89-годишен росоманец, затворен патот Градско – Прилеп
-

Муцунски за „средбата“ со Чамова: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. Македонците се Македонци
-

Лазаров: Словачка е репрезентација која има изграден систем
-

Жалбена расправа за убиствата на Вања и Панче: Палевски тврди дека има пропусти, обвинителството ја брани пресудата
-

Ниту еден од 13-те обвинети полицајци за пожарот во „Пулс“ не призна вина
-

Агенцијата за филм во август ќе распише конкурс за снимање македонски серии
-

СЗО: Ризикот од хантавирус во Европа е низок
