Николоски: Поголемиот дел од автопатот Охрид - Кичево во функција до лето
До почетокот на следната летна сезона се очекува да биде ставен во функција поголемиот дел од автопатот Охрид - Кичево, делот од Врбјани и Арбиново до Охрид, со мал прекин кај селотот Ботун, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
На прес-конференција по повод 100 дена од новата Влада, Николоски информира дека кредитот за реализација на овој проект е ефективен и средствата се одобрени.
Според него, изведувачите последен пат имале видено пари минатиот ноември и тоа е една од причините што изградбата на автопатот е заглавена.
-Очекувам од 7 октомври средствата да се стават на располагање на изедувачите што ќе ја зголеми динамиката на изведба на автопатот Охрид - Кичево. Во таа насока правиме измени на Законот за експропријација во делот на оставинските постапки кои се голем проблем за реализирање инфраструктруни проекти. Сакам да ја информирам јавноста дека конечно се ефектуираше Анексот 6 што беше потпипшан во 2023 година, за дополнителните средства за изградба на автопатот Охрид - Кичево. Изведувачите последен пат имаа видено пари минатиот ноември. Од тогаш до денес не е ништо платено. Кој би работел една година без пари? Тоа е една од причините што овој проект е заглавен. Во комуникација со Ексим банката успеавме да ја завршиме целата документација. Добив информација минатиот четврток дека кредитот е ефективен, средтсвата се одобрени, истакна Николоски.
Тој на почетокот кажа дека Министерството со кое раководи наследило тешка ситуација и празен буџет.
-Буквално третиот ден се соочив со ревизорскиот извештај за работењето на ЈП за државни патишта и двете железнички претпријатија. Го доставв до ЈО, но до денес немам информација дека ЈО постапило иако се работи за многу сериозни наоди, потенцира министерот.
Ново на Сител
-
Мицкоски со оптимизам дека ќе има договор со банките за кредитите за унгарскиот заем
-
Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатирата на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО
-
Кривична пријава за загадување на животната средина, природа, добиточна храна и вода
-
На царина запленет автомобил, пиротехнични материјали, цигари, лекови | ФОТО
-
Штрајк на над 50.000 поштари во Канада поради ниските плати и лошите услови за работа
-
Нема веќе непоразени сезонава во НБА, Бостон му го нанесе првиот пораз на Кливленд
-
Галетановски: Тендер за озвучување на изгорена Универзална сала, дали сте нормални?
-
АХВ: Запленети и уништени 366 килограми месо и преработки од месо во угостителски објект во Охрид