Николоски: Моите сознанија говорат дека има други случаи како тој со Онишченко
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Тема на денот“ во дневникот на Сител ТВ истакна дека за случајот Онишченко е прекршен законот кој вели мора да се направат безбедносни проверки и да се направи интервју со лицето, а тој само два дена бил претходно во Македонија и како што додаде има и други вакви случаи, затоа потребно е министерот Спасовски да си даде оставка.
- Ова воопшто не е наивен случај, ниту е се случајно. Имено за било кое лице да добие државјанство кое не е родено во Македонија мора да се направат безбедносни проверки, но и интервју со лицето, а за да се направи тоа тој мора да е физички присутен во државата. Онишченко вкупно во Македонија пред да добие државјанство, а тоа го добива на 31 мај 2022 година, бил само два дена во Македонија, во декември 2020 година и во април 2022 година, а државјанство добива мај следна година. Во периодот измеѓу не бил присутен што значи прекршен е законот кој вели мора да се направи безбедносна проверка, но исто така и разговор односно интервју, рече Николоски.
Николоски потсети дека и самата влада кажа дека има пропусти заради неточни податоци и тоа е одговорност на МВР.
- Потписот е спротивен на неговото име кое е на О, а потписот на А, веројатно свесен дека прави нешто на работ на законот и затоа покрај одговорност на директорот на АНБ одговорност мора да поднесе и министерот за внатрешни работи и премиерот, потенцираше Николоски.
Николоски истакна дека има и уште неколку вакви спорни случаи за кои не е направена безбедносна проверка, во случен период и со слично прескокнување на процедурата.
Според мои сознанија кои се кредибилни има уште неколку други случаи на издавање на државјанство на случен случај како Онишченко кои се исто така спорни за кои исто не е направена безбедносна проверка и само покажува силна ерозија во рамки на безбедносните служби. Се работи за 4 други пасоши дадени на лица со спорно или криминогено минато. Ова е надвор од скандалот за 215 пасоши за нарко босови.
Николоски потсети дека на црна листа на САД не се става никој случајно и тука се навлегло во длабок криминал и основната причина зошто ова се случува е неспособност или криминал
Во врска со директорот на АНБ, Николоски вели дека малце доблест да има Виктор Димовски треба да се повлече од заминување за амбасадор и со кој ум владата и претседателот Пендаровски планираат да го пратат за амбасадор во Франција.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Судење за пожарот во „Пулс“: Пирoтехника се користела и претходно, имало и контроли, но забавата не била прекинувана
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
-

Уапсен полицаец во Делчево кој возел без положен возачки испит, возилото одземено
-

Во две сообраќајни несреќи тешко повредени три лица, двајца малолетници и еден велосипедист
-

Медведев: Ситуацијата е многу опасна, не може да се исклучи глобален судир
-

Влада: Не знаеме кого Трендафилов чекал во празна сала, средбата помеѓу премиерот Мицкоски и претставниците на УПОЗ е закажана за четврток
-

Ѓоковиќ: Ќе се вратам на АО, но дали ќе ме видите тука како активен играч, времето ќе покаже
-

Дизел горивата поскапуваат за половина денар
