Николоски: Македонија бележи рекорди во авио-сообраќајот, само во еден месец македонските аеродроми опслужиле над 460.000 патници

Политиките за привлекување нови авиокомпании и отворање нови авиолинии веќе даваат конкретни резултати, а македонските аеродроми бележат историски рекорди по бројот на патници и реализирани летови, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, нагласувајќи дека растот на авио-сообраќајот е силен показател за развојот на туризмот, бизнисот и целокупната економија.
Николоски во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 посочи дека Владата води паметна политика на субвенционирање и привлекување нови авиопревозници, што, како што рече, резултира со рекордни бројки на двата меѓународни аеродроми во државата.
- Почнавме една доста паметна политика на субвенционирање и привлекување нови авиолинии и нови компании кои ќе оперираат од Македонија. Од друга страна, тука е и силната поддршка за туризмот. Денеска излегоа две исклучително важни бројки. Охридскиот аеродром само во еден месец опслужил 52.500 патници, што претставува раст од 41 проценти во однос на истиот период лани. Дополнително, на 20 јули се реализирани повеќе од 20 летови во еден ден, што е апсолутен рекорд за овој аеродром. Во Скопје, пак, само во јули се опслужени 409.000 патници и реализирани се 2.670 летови. На 20 јули беа реализирани 101 лет во текот на еден ден, што е нов апсолутен рекорд за Скопскиот аеродром. Ако продолжиме со ова темпо, многу брзо ќе достигнеме бројка од четири милиони патници годишно, нешто што до пред неколку години беше незамисливо за Македонија - истакна Николоски.
Според вицепремиерот ова се реални бројки на луѓе кои доаѓаат во земјата, престојуваат, трошат средства за туризам и бизнис, а ефектите од тоа директно се чувствуваат преку раздвижувањето на целокупната економија.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски објави специјално видео за независноста, Филипче тврди дека се слават успесите на СДСМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од политичката некултура
-

Трамп: Подготвени сме да го зголемиме економскиот притисок врз Иран
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 15 лица безобѕирно управување моторно возило
-

Расчистено разбојништво од почетокот на јули во скопско, приведени две лица
-

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
