Николоски: Брза пруга на Коридор 10, доизградба на Коридор 8, продолжуваме со крупни проекти во железницата

Од месец октомври започнавме да работиме на планирање на пругата. До лето ќе завршиме и потоа првите багери ќе ги видиме на терен. Во 2031 година проектот брза пруга ќе биде завршен, а во меѓувреме еден колосек или до 2028 ќе биде функционален, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, говорејќи за проектите во железницата.
-Сeга го работиме најзначајниот дел што не е видлив за грaѓаните, а тоа е добро планирање. Сега го работиме планирањето и подготовката. Кога ќе направите добро планирање тогаш проектот колку и да е комплициран оди брзо и во рок. Кога нема да направите тогаш ви се случува проектот да оди бавно и да не се решава, на пример Охрид - Кичeво. А имаме и добар пример автопатот Демир Капија Смоквица или Скопје - Штип. Очекувам до лето да завршиме и потоа првите багери да ги видиме на терен. Пет години откако ќе почнат да работат да се заврши и ветивме дека во 2031 година проектот брза пруга од граница север- југ да биде завршен. Имајќи предвид дека пругата ќе биде двоколосечна, една пруга во 2028 година ќе биде функционална, истакна Николоски.
Во однос на пругата на Коридор 8, како што информираат од Министерството за транспорт, тој истакнал дека тимови од двете железници работат интензивно на прекуграничниот тунел.
-Тимови од областа на железниците од Македонија и Бугарија активно работат на документацијата за изградба на меѓуграничниот тунел од железничката пруга, одлично одат работите и околу тендерските постапки од двете страни. Во Бугарија пред неколку дена помина договорот, се ратификуваше, од наша страна обврските се завршени, знаете дека повторно има политичка криза, за жал падна Владата таму. Се надевам дека Собранието таму ќе продолжи да работи во јануари месец, но без разлика на тоа, веќе интензивно работат железничките тимови од двете страни. Сега треба да се формира Комитет од двете страни, кој ќе треба да ја сработи документацијата за тунелот, која што пак најверојатно ќе е онаа која што ние веќе ја имаме како проект изработен од Македонски железници, рече Николоски.
Вкупната инвестиција на двете страни за целосно поврзување на Скопје и Софија, како што истакна вицепремиерот, ќе чини над 2 милијарди евра, од кои 810 милиони од македонска страна и 1 милијарда и 200 милиони евра на бугарска страна, стои во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
