Николај Крстев: Јазикот не треба да е проблем меѓу Бугарија и Македонија
Јазикот не треба да претставува проблем меѓу Бугарија и Северна Македонија и на него треба да се гледа како на проблем од минатото, смета бугарскиот новинар Николај Крстев во колумна на порталот Квадрат 5.
Крстев, кој важи за добар познавач на балканските состојби, наведува дека во моментов Србија и Грција имаат многу подобри односи со земјава отколку Бугарија, која, како што вели, „повторно е во рововите и војува со Македонија и за Македонија“.
– Сепак, тоа е независна држава, а македонскиот јазик е факт. Треба да ја прифатиме реалноста. Договорот што го склучивме пред три години сега треба да го наполниме не само со историја, туку и со бизнис, иновации и со стратегии, наведува Крстев.
Според него, Македонците немаат никого поблизок од Бугарите.
– Едноставно тоа е една млада држава и процесите се уште се развиваат. Добро е што стана членка на НАТО во месеците на пандемијата, додава Крстев.
Осврнувајќи се на изборите во земјава, Крстев наведува дека смета оти СДСМ ќе ги задржи своите позиции и дури и дека ќе ги зацврсти.
– Нивниот министер за здравство доста добро се справи со епидемијата со коронавирусот, независно што состојбата се влоши последниве денови. Во целина, избегнати се многу посериозни штети. Сметам дека Зоран Заев е многу добра варијанта за премиер na нашиот западен сосед, заклучува Крстев, кој е поранешен дописник на Бугарското национално радио од Скопје, Белград и Москва.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни 11 пожари, еден под контрола
-
Потпишан договор за грант од 5,5 милиони евра за енергетска реконструкција на студентски домови
-
Најмалку осуммина повредени во невремето што попладнево го погоди Белград
-
ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза
-
Голема брзина над дозволената причина за несреќата во која загинаа Жота и Силва
-
Вардар и Алкалоид се двете македонски екипи во Лига Европа во ракомет
-
Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите
-
Можни прекини во водоснабдувањето во Општина Чаир и Железара поради прекин на електрична енергија