-->
-->
Никола Маџиров на книжевно биенале во Јамајка
-->
Македонскиот поет Никола Маџиров учествува на Меѓународното книжевно биенале во Јамајка, кое од денеска до петти јуни се одржува во Трежр Бич, на бреговите од Карипското Море.
На фестивалот учествуваат романсиери и поети од Индија, САД, Сомалија, Велика Британија, Нигерија, Нов Зеланд и други земји.
Учесници на фестивалот биле и Салман Ружди, нобеловците Дерек Волкот и Воле Сојинка, Мајкл Ондатје, Били Колинс, пулицеровецот Пол Малдун, како и сопругата на Боб Марли, Рита Марли.
Маџиров во Јамајка пристигна од Белград, каде со читање на македонски и српски јазик го отвори десеттиот меѓународен фестивал „Треќи трг“, годинава посветен на Васко Попа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-
Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа