Никола Димитров: Францускиот предлог е дебакл за македонската дипломатија
Предлогот на француското претседателство не носи подалеку, а не поблиску до членство во ЕУ, смета поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров.
-Клучното прашање е дали преку ваков договор сме поблиску до целта- членство во ЕУ. За мене, нема никакви дилеми. Со ваква рамка, ЕУ е подалеку од денес, кога се уште немаме почнато преговори, вели Димитров во изјава за Дојче Веле, по објавувањето на францускиот предлог за надминување на бугарско-македонскиот спор и отворање на преговорите со ЕУ.
Тој објаснува дека предлози за решавање на проблем меѓу две страни секогаш прво доаѓаат до засегнатите страни, но фактот, како што вели, што ваков предлог „воопшто паднал на маса веќе е дебакл за македонската дипломатија.”
-Внесувањето на бугарските барања во преговарачкиот процес, и тоа во најважниот дел – кластерот Фундаменти, ни ја става судбината целосно во рацете на Софија. Ако таа не е задоволна од што било (не само внесувањето на Бугарите во Уставот), ќе си стоиме во место или ќе нѐ вратат назад, вели Димитров.
Не знам, наведува, што е пострашно, да им верувам на нашиве дека го немаат предлогот или да не им верувам. -Ако не се во тек со предлог што се однесува на македонските маки со Бугарија, тогаш тоа е признание дека не си ја работеле работата за најважното прашање за нацијата. Ако пак го имаат, а велат го немаат, си играат со довербата на јавноста, вели поранешниот шеф на дипломатијата.
Ново на Сител
-
Пронајдено е исчезнатото момче од неготинско Тремник
-
Приведен 28-годишник, при претрес во неговиот дом најдена е дрога
-
Пет лица повредени во сообраќајка кај месноста Стамерски Преод, Делчевско, сообраќајот во прекин
-
Под истрага десет полициски службеници, за седум се бара притвор, тројца веќе се обезбедени со претходна постапка
-
Предлог притвор за директорот на Геријатрија и уште едно лице за барање поткуп од 100.000 евра
-
ФИФА ја казни Фудбалската федерација на Албанија
-
Лекарите одлучиле да не се оперира пациентот кој почина на Кардиохирургија, вели Таравари
-
Трамп најави дека утре ќе присуствува на трговските преговори со Јапонија