Никој не знаеше дека чекаат бебе: Најубавиот пар на светот ги покажа своите близнаци
Енрике Иглесијас и Ана Курникова ги објавија првите фотографии од своите новородени близнаци, кои се родија во декември.
Славната двојка, која својот приватен живот успешно го крие од јавноста, што беше случај и со бременоста на поранешната руска тенисерка, позираше со бебињата Николас и Луси на фотографии објавени на Инстаграм.
Според извештаите, 36-годишната Курникова се породи во Мајами непосредно пред Божиќ и за нејзината бременост медиумите не дознаа сѐ до последните неколку недели.
„Енрике е неверојатно среќен во овие моменти“, изјави неговата мајка Исабел Прејслер.
Иглесијас и Курникова се заедно веќе 17 години, откако се запознаа на снимањето на еден негов спот, но никогаш не се венчаа.
„Мислам дека тоа не би ме направило посреќен. Не велам дека сум против тоа. Но, деца би сакал да имам“, кажа поп-пејачот во едно интервју.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце
-
Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија
-
Транспортерите од Западен Балкан чекаат по 10 часа на граница за влез во Унијата