Никој не знае што е ова животно – куче или мечка?
Во прифатилиштето не очекуваат дека некој наскоро ќе посака да стане сопственик на овој мечкопес, дотолку повеќе што животното, како што велат, е со многу низок степен на социјализација.
Жителите на Челјабинск не се многу сигурни што е тоа што се најде во нивното прифатилиште за животни.
Вработените во прифатилиштето за животни во Челјабинск на својата страница на најпопуларната во Русија социјална мрежа објавија фотографии од многу необично животно кое се најде кај нив.
Интернет-корисниците сега погодуваат дали ова суштество е повеќе мечка или пес, ги нарекуваат „медведопјос“, а некои сакаат да му бидат кумови па предлагаат имиња. Засега во игра се Потапич и Копатич.
Оваа необична ѕверка луташе по улиците на Челјабинск.
-Луѓето купуваат кученца за ситни пари. Кученцето потоа ќе порасне во некаква чудна ѕверка и го оставаат на улица како фалична играчка, негодуваат корисниците на социјалната мрежа.
Во прифатилиштето не очекуваат дека некој наскоро ќе посака да стане сопственик на овој мечкопес, дотолку повеќе што животното, како што велат, е со многу низок степен на социјализација.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето