НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА
Ексклузивно на Сител, секоја недела навечер следуваат нови моменти со најемотивната шоу програма во регионот. Шоу кое и овој пат ќе дава шанса на оние кои мислат дека за почеток на кариера било предоцна.
Ова е натпревар на ветерани со неодоливи животни приказни и неостварени соништа. Натпревар на луѓе со неверојатен талент за кои кариерата допрва започнува затоа што никогаш не е доцна. Шанса за нов почеток за сите аматери кои собраа храброст да се појават на големата сцена каде ќе запејат во придружба на големиот оркестар. А токму преку изведбата на најголемите фолк, поп и рок хитови, публиката ќе доживее вистински ролеркостер од емоции и восхит.
Возбудата допрва ќе расте во студиото на Гранд на Кошутњак под будното око на авторот и креатор Жика Јакшиќ, водителката Драгана Катиќ и Саша Милошевиќ Маре, како постојан член на стручното жири.
И оваа сезона на Сител ги следиме најдобрите возрасни таленти и навиваме за македонските кандидати, кои ќе треба да се претстават во најдобро светло и чиј пат до славата ќе почне и ќе се вивне токму преку ова телевизиско шоу.
Ново на Сител
-

Надзорна расправа за работењето на Алта банка
-

Здравствените домови во Југоистокот добиваат нова опрема и амбулантни возила
-

Старите занаети изумираат
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
-

Почна расправата за Законот за јавни набавки
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Над 30 члена брои листата поканети говорници на надзорната комисија за Алта банка
