-->
-->
Нигериската армија ослободила 76 ученички киднапирани од Боко Харам
-->
Единици на нигериската армија ослободиле 76 ученички и откриле тела на две девојчиња, откако тие беа киднапирани при напад на групата Боко Харам врз едно село.
Родителите и локалните власти вчера соопштија дека се исчезнати повеќе од 90 ученици, два дена по нападот на исламистите во селото Дапчи во североиисточната држава Јобе.
Судбината на преостанатите девојчиња не е позната.
Боко Харам ја започна својата засилена терористичка активност во 2009 година со цел да заземе области во северна Нигерија. Од тогаш во судирите со оваа терористичка група загинале повеќе од 20 илјади луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен крадец во битолско, одзел нафта и масло од фирмата каде што работел
-
Таравари: Се враќаат пет пациенти од Шпанија и еден од Грција
-
Првиот пациент вратен од лекување: Моите деца се уште имаат татко благодарение на докторите
-
Запленети парфеми, облека, обувки, 323 штеки цигари, воздушна пушка и разна техничка стока вредна 1,8 милиони денари
-
Видевски: Го прашав Палчо зошто ја уби Вања, тој само ги крена рамениците
-
Трамп се закани дека ќе го скрати финансирањето на јавните медиумски сервиси
-
Стабилно снабдувањето со јајца на домашниот пазар пред велигденските празници
-
Утрово во Албанија регистриран земјотрес со јачина од 3,2 степени