Независниот кандидат Каис Сајед води по првиот круг од претседателските избори во Тунис

Според првичните неофицијални резултати, независниот кандидат Каис Сајед победи во првиот круг од претседателските избори во Тунис, додека на второто место се најде Набил Каруји, медиумскиот могул, кој е во затвор.
„Сигма“ наведува дека Сајед освои 19,5 ,а Каруји 15,5, отсто од гласовите. На третото место е кандидатот на умерената исламска партија Енада, Абделфатех Муру, со 11 отсто освоени гласови.
Сајед, конзервативен професор по Уставно право, кој на изборите настапи како независен кандидат и кој не е во ниту една партија, по објавените прелиминарни резултати од „Сигма“ изјави дека неговата победа ќе му донесе огромна одговорност „фрустрациите во Тунис да ги претвори во надеж“.
-Тоа е нов чекор во историјата на Тунис….тоа е нешто како нова револуција, рече Сајед за туниското радио Мозаик.
Официјалните резултати се очекуават утре.
Според податоците до 15 часот вчера, излезноста изнесуваше само 27,8 отсто.
Тунис пред осум години ја симна автократската власт која подоцна ги инспирира граѓаните на Египет, Јемен, Бахреин. Либија и Сирија, јавија британските медиуми.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Со маркетите се договара инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти
-

Атлетико сака да ја тужи Барселона поради Алварез
-

Џереми Кларксон за животот по пребродувањето на ракот: Сега пешачам повеќе и јадам вегетаријанска храна
-

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно со Орден „8 Септември“ ќе ја одликува Наде Проева
-

СП 2026: Франција убедлива против Ирак
-

Нестабилно попладне со дожд, грмежи, силен ветер и можен град
-

Л’Екип му се извини на Доку поради коментарот на својата водителка
-

СП 2026: Халанд двоен стрелец во триумфот на Норвешка над Сенегал
