Невремето „Викторија“ создаде проблеми во цела Грција
![]()
Затворени училишта, поплавени улици, паднати дрвја, лизгање на земјиштето, во повеќе делови на Грција предизвика невремето „Викторија“, што од вчера ја зафати земјата, а најпогодени се Крит и островите во Јонското море. Особено е погоден островот Крф, каде што денес се затворени училиштата, јави дописничката на МИА од Атина.
Противпожарната служба на Крф, според локалните медиуми, била повикана да интервенира за сечење и отстранување на паднати дрвја. Поради силниот ветер, бродовите на островот останале закотвени на пристаништата, а обилниот дожд предизвикал поплави и проблеми на улиците. Градоначалниците од општините на Крф, доцна синоќа, на вонреден состанок и во координација со директорите на училиштата, одлучија денеска, основните и средните училишта да бидат затворени.
Невремето ги погоди и останатите острови во Јонското море, на Закинтос и Кефалонија, создаде проблеми и материјална штета на улиците, но и на домови.
Најголемо количество дожд, грчката Национална опсерваторија во текот на вчерашниот ден регистрира на островот Итака, каде што за околу осум часа заврнале 71 сантиметри на метар квадратен.
Дополнително ќе се пресметуваат и ќе се санираат штетите од „Викторија“ на островите во Јонското море.
Во текот на вчерашниот ден, невремето го погоди и островот Крит, а од доцна синоќа и Атина. Обилниот дожд, утрово создаде проблеми на улиците во грчката престолнина.
Ново на Сител
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
