-->
-->
Невремето го откажа дуелот на Пеп и Мурињо
-->
Долго најавуваниот дуел на Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола, кои ова лето станаа менаџери на манчестерските клубови Јунајтед и Сити, нема да биде во Пекинг, туку ќе се случи на 10.септември во рамките на Премиерлигата.
Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, во понеделник, требаше да одиграат контролен меч во Пекинг, но истиот нема да се одигра поради лошите временски услови, односно поплавите кои се предизвикани од силните врнежи од дожд.
Јунајтед пред неколку дена, во пријателски меч загуби од Борусија Дортмунд (1-4), а следниот меч тимот на Мурињо ќе го одигра на 30.јули во Гетеборг против Галатасарај.
На почетокот на август Јунајтед ќе игра против Евертон, а потоа на 7.август ги очекува Лестер со Комјунити Шилд, натпревар со кој традиционално се отвора сезоната Премиерлигата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собранието ги изгласа заклучоците и препораките за поголема безбедност во сообраќајот
-
Грипот се уште “тресе” – ризичните групи најмногу на удар!
-
Пожар во Кисела Вода – повредени 4 лица
-
Меџити: Имаме поважни работи од промена на грбот и химната
-
По најавите на Трамп за зголемување на царините, македонските компании будно ја следат состојбата
-
Одложен тендерот за центарот за управување со отпад кај с. Мечкуевци
-
Преглед на вестите од светот
-
Може ли Скопје преку Вашингтон да најде пократок пат до Брисел