Невремето „Атена“ ќе ја зафати Грција – предупредување за опасни временски појави
За опасни временски појави и опасност од поплави, а не за обична летна нестабилност, предупредува министерот за климатска кризи и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас за невремето „Атена“ што ќе зафати делови од земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Кикиљас објасни дека за невремето веќе е свикан состанок на меѓуресорски комитет со учествуво на сите инволвирани органи.
– Врз основа на деталните информации од Комитетот за процена на опасност и според прогнозата на Националната метеоролошка служба, од вечерва и во следните денови во повеќе области во земјава ќе има опасни временски појави. Ова не е летна нестабилност, туку есенски систем. Практично, значи дека невремето ќе трае долго, па не се исклучени и појави на локални поплави, рече Кикиљас.
Додаде дека од вечерва до утре наутро се очекуваат обилни врнежи од дожд во Јонското море, а зафатени ќе бидат и Епир и западниот дел на земјата, а од утре невремето ќе го зафати северниот дел на земјата, како и северна и западна Тесалија.
Ново на Сител
-
Четири рочишта против Мерко
-
Дневно и по 200 деца со респираторни инфекции завршуваат на Детска и во клиниката “Козле”
-
Алијанса на пациентски орг. - лекови за онколошки болни што поскоро и вкл. на алијансата при носење на здрав. политики
-
Мицкоски следната недела ќе се сретне со синдикатот на УПОЗ
-
„Генерален штрајк“ во Србија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја поддржува фармацевтската мафија
-
Студентите од Турција ја зголемија ќиријата, но ја подигнаа и локалната економија
-
Преглед на вестите од светот