Невреме во Париз, прекин на сообраќајот и евакуирани околу 2.000 лица
Сообраќајот во регионот на Париз од утрово се одвива со поголеми потешкотии поради обилниот снег што падна во текот на ноќта и ниските температури.
Според локални медиуми, властите апелираат да не се користат автомобилите. Отежнат е и трамвајскиот сообраќај додека автобускиот превоз е во прекин. Одложени се сите авионски летови и во прекин е железничкиот сообраќај.
Портпарол на Министерството за внатрешни работи изјави дека околу 2.500 полицајци,пожарникари и друг персонал се ангажирани во регионот Ил де Франс.
Во текот на ноќта многу патиша на запад, североисток во регионот на Париз се блокирани. Во тек е евакуација на околу две илјади луѓе што се заглавени на автопат јужно од Париз.
Повеќе од 200 луѓе ја минаа ноќта на аеродромот Орли, додека околу 700 на железнички станици. Откажани се и возовите што се обраќаат од Париз кон аеродромите Орли и Шарл де Гол.
Во 25 француски области и понатаму е на сила портокалов метео аларм поради снежното невреме
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски потрошил близу 1 милион денари во ресторани
-
Невладините бараат измени на Законот за младински политики
-
ОПМ: Мерката за ограничување на маржите е корисна
-
Нова опасност за македонските сточари
-
Преглед на вестите од светот
-
Модуларната болница кај Инфективна ќе ја користи затворот Идризово
-
Конструиран младинскиот клуб во Собрание - Пратениците бараат институциите да ги слушнат младите
-
Реинкарнација на текстилното производство во Штип