Македонија
20. November 2019 - 8:37

Невреме во Македонија

Времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе имаат пообилен карактер. Локално ќе има појава на грмежи со пороен дожд и засилен ветер (над 60 км/час), особено во југоисточните делови каде се очекува да наврнат над 35л/м2.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14 степени, а дневната температура ќе се движи од 10 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната температура до 15 степени.