Невреме во Букурешт: Поплави, соборени дрвја и доцнења на летови
Силно невреме попладнево го зафати Букурешт, предизвикувајќи поплави, сообраќаен хаос и проблеми со воздушниот сообраќај. Поројниот дожд траеше повеќе од еден час, поплави десетици улици и ги забави и возилата и пешаците.
Вода навлезе и во неколку станбени и деловни објекти, а изненадените граѓани и туристи објавија бројни видеа на социјалните мрежи.
Според властите, ветерот дуваше со брзина до 70 км/час и собори многу дрвја, често врз автомобили.
Поради лошото време, неколку летови од Букурешт полетаа со доцнење, а авионите од Париз, Штутгарт и Клуж-Напока не можеа да слетаат на меѓународниот аеродром „Хенри Коанда“ (Отопени), па беа пренасочени кон Констанца и Крајова, соопштија аеродромските власти за БТА.
„Високата влажност и температурите над просекот придонесуваат за вакви појави, особено бидејќи јуни е највлажниот месец во годината во Романија“, изјави за Диџи24 директорката на Националната метеоролошка служба, Елена Матееску. Таа најави дека следуваат периоди на нестабилност и високи температури до 35 степени.
Ново на Сител
-
Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство
-
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога
-
Потпишување на грант-договор со ЕБРД
-
Електронско пријавување за сместување во студентските домови од денеска до 31 јули
-
Трамп за Би-Би-Си: Разочаран сум од Путин, но сè уште не сум се откажал од него
-
Десеттина пелагониски села без вода
-
Мерц: Германија ќе одигра одлучувачка улога во испораката на американско оружје на Украина, преку НАТО
-
Конференција „Финансиска отчетност на изборите“ во организација на ДЗР