Невреме проследено со град во Делчевско
Невреме проследено со град, денеска попладне го зафати делчевскиот регион. Во селото Очипала граѓани информираат дека градот бил со големина на лешник, додека градоносни врнежи се регистрирани и во неколку останати села.

– Во село Очипала врнежите од град беа нешто поголеми од форма на крупен лешник. Од штети првично може да констатираме дека е забележливо издупчување кај компирот и гравот. Врнежите потоа беа мешани во комбинација на град и обилен дожд, вели Драго Ристовски, жител на селото Очипала.

Врнежи од град со големина на орев се регистрирани и на планината Голак, каде освен издупчување на градежни материјали и возила, поголеми штети не се забележани.
– Големи штети овде нема бидејки сме во планина, освен штетите на возилата и дел од лимаријата, додава Стево Богдановски кој крупните зрна град ги регистрирал кај својата викендичка на Голак.

Поради обилните врнежи попладнето во Пијанец се вози по влажни коловози, а како што јавуваат возачи, регистрирани се и поситни одрони долж патниот правец Делчево – М.Каменица, кој е дел од магистралата А3.
Ново на Сител
-

Грчките земјоделци го затворија на четири часа граничниот премин Евзони за сите возила
-

Германија со поддршка за Данска во спорот со Трамп околу Гренланд
-

НП Шар Планина го засилува мониторингот на балканскиот рис
-

За 10,3 проценти зголемен бројот на странски туристи во периодот јануари-ноември 2025 година
-

МВР: Саитов веќе бил казнет за возење без дозвола
-

Пронајдени боксирач и навредлив транспарент: Бугарин приведен и протеран од Македонија
-

Запален василичарскиот оган во водите на Охридското Езеро
-

Судскиот совет ќе објави оглас за избор на судија на Уставниот суд согласно новиот Закон
