Силен дожд погоди делови од Германија, како и Италија, а во некои делови на Франција, со повисока надморска височина падна снег.
Снег падна на југоистокот, во областите Лозар, Ардеш и Горна Лоара. Во тие области на сила е портокалов метео-аларм, кој ќе остане на сила до вторник, наведува Метео Франс. Според зборовите на метеолозите снег и натаму ќе паѓа над 1.000 - 1200 метри надморска височина, а фотографии од снежната покрвка објавија многу корисници на социјалните мрежи.
Како што пишуваат француските медиуми, снежната покривка е видлива на некои мести кои се на 900 метри надморска височина.