-->
-->
Невреме ја погоди Хрватска - силен ветер корнеше дрва
-->
Загреб денеска е погоден од силно невреме пропратено со дожд и силен ветер кој кршел гранки, а засега не е познато дали некаде е причинета поголема штета.
Невремето ги изненади жителите на Загреб бидејќи во утринските часови ништо не наговестувало дека ќе има невреме, пренесува хрватскиот портал „Јутарњи“.
Метеоролозите, меѓутоа, предупредија дека се очекува промена на времето и забележителен пад на температурите.
Невреме ја зафати и Риека. Се очекува ударите на ветер да бидат од 60 до 100 километри на час, што е реткост за копнениот дел од Хрватска.
Интернет портал од Вараждин објави дека силен ветер откорнал големо дрво во двор на училиште, додавајќи дека никој не е повреден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?