Невреме и поплавени улици и денеска во Тетово | ВИДЕО
Околу пладне во Тетово триесетина минути имаше силно невреме со интензивен дожд и град што траеше триесетина минути. Досега нема пријавено за поголеми проблеми, а граѓаните преку социјалните мрежи споделија искуства со поплавени улици поради водата која се собира на коловозната лента и не може бргу да навлезе во атмосферската канализација.
Во селото Фалише имаше и поголема покривка од град.
Инаку во петокот кризниот штаб на Општина Тетово токму за денес најави дека ќе се врши чистење и дезинфекција на улиците по поплавите што се случија на 29 мај.
-Над 130 пријавени случаи на штети направени и од пожарот и од поплавите од кои 97 се поплавени куќи и подруми, а другите се оштетени јавна инфраструктура, институции и земјоделски парцели. Бидејќи немаме одговор дали ќе има владина комисија за штети, немаме таква информација, не чекаме од Владата и од понеделник ќе излезат на терен општинска комисија и ќе имаме информации колку се штетите, изјави во петокот Биљал Касами, градоначалник на Тетово.
Во саботата на 28 мај патот од Шипковица до Бродец беше најмногу погоден од наноси со земја.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место