Невреме ги зафати БиХ, Хрватска и Словенија
По повеќедневните високи температури, во западните делови на Балканскиот Полуостров вчера пристигна освежување, проследено со пад на температурата, при што Сараево беше погодено од пороен дожд, врнежи имаше и во Загреб, а делови од Словенија ги погоди град.
Во Сараево во доцните попладневни часови падна силен дожд, додека подрачјето на Бугојно го погоди невреме, проследено со град.
Локалните медиуми јавуваат дека на подрачјето на Бугојно паѓал град со големи на орев и оти е предизвикана голем штета на земјоделските култури.
Поројни дождови се забележани и во другите делови на Босна и Херцеговина, а засега нема извештаи за евентуална штета.
Метеорозолите во БиХ најавуваат повторно големи жештини и во наредните денови, додека посериозно заладување се очекува кон крајот на неделата.
Во Загреб врнеше дожд, а температурата вчера во 20 часот изнесуваше 21,5 степени.
Одредени делови од Словенија беа погодени од град, проследен со силни ветрови.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи