Невиден скандал: Германски суд пресуди - Тинејџерка (16) може да има секс со својот вујко (48)
Суд во Германија донесе одлука дека сексуалниот однос на девојките и нивните вујковци не е против законот.
Тинејџерката од Шилдов во покраината Бранденбург е во врска со 48-годишниот маж од свои 14 години, а парот минатата година побегнал што довело до полициска потера.
Откако се вратила во Германија од југот на Франција, судот одлучил дека 16-годишното девојче може слободно да остане во врска со своето момче, бидејќи судијата заклучил дека не е во корист на детето да се забрани таа љубов, пишува „Дејли меил“.
Парот побегнал откако загрижените родители на девојчето повикале полиција, но по враќањето во Германија таа одбила да ја прекине врската. Родителите ја пратиле на психијатриска клиника на неколку седмици за да го промени мислењето. Од таму била пуштена откако успеала да организира правници кои пред судот го изнеле прашањето за нејзините права на врска по сопствен избор.
Апелациониот суд во Бранденбург ја потврдил пресудата во корист на парот. Судијата рекол дека е важно нивниот однос да не биде таен, додавајќи дека забраната за љубов не е во корист на детето. Во пресудата, судот навел дека Жозефина има јасни ставови и приоритети, "интелигенција над просек" и дека брзо сфатила што сака во животот.
Мислењето на судот е дека "Иако односот со вујко може да биде неприфатлив во општеството, истиот не е забранет".
Во Германија староста за стапување во доброволни сексуални односи е 14 години, како и во повеќето европски земји, додека лице постаро од 21 година не може да има односи со некој помлад од 15 години.
Ново на Сител
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ