Бизарно но вистинито
25. October 2016 - 11:46

Неверојатно - Пајак улови глушец и го влечеше по фрижидерот

 
Џејсон Вомал од австралискиот град Копабела, тргнал на работа, не ни претчувствувал на каква глетка ќе наиде.
„Сакате ли да видите нешто неверојатно? – го прашал соседот на што тој одговорил: „Да, секако“.
 
Џејсон отишол до куќата на соседот каде виделе огромен пајак како се обидува да изеде глушец.
 
Станува збор за видот Sparassidae (англиски Huntsman) кој може да порасне и до 30 сантиметри!
 
„Што ќе направи со него? Човеку ова е така кул“ – може да се слушне на снимката додека пајакот го влече глушецот по фрижидерот.
 
Џејсон направил уште неколку фотографии од пајакот и глушецот, а неодамна објави и порака во која порачува дека пајакот е добар и оти го нарекле Херми.
 
„Го посвоивме и сега тој работи како “истребувач“ во Копабела и плаќа станарина. ЛОЛ“ – напишал Џејсон.