-->
-->
Неверојатно - Нуди работа со месечна плата од 9.000 евра никој не му ја прифаќа
-->

Рурален општ лекар во Нов Зеланд нуди 115.000 eвра годишна плата, односно над 9.000 евра месечна, за да привлече болничар кој би му помагал со работата. Меѓутоа, по две години, работата сè уште останува празна.
25 Февруари 2016 09:36 Viber
Д-р Алан Кени е еден од сопствениците на медицинска ординација во градот Вајкато во северниот дел од островот, кадешто населението изнесува 13.600 жители. Лекарот потекнува од Обединетото Кралство, а за медиумите изјавува дека има премногу работа и постојано е принуден да откажува одмори бидејќи не може да најде замена или помошник.
– Може да понудам навистина, навистина добра заработувачка: неверојатна е. Мојата работа експлодираше изминатата година и колку повеќе пациенти запишувате толку повеќе пари добивате. Но навистина е премногу на крајот на денот – вели лекарот.
Пред две години, ќерката на Кени работела како лекар во ординацијата за да му помогне, а сега е единствениот лекар од Нов Зеланд кој работи таму. Освен платата, Кени им нуди на кандидатите и три месеци одмор во годината, без ноќни смени или работа за викенди и половина од акциите од ординацијата со 6.000 пациенти.
Меѓутоа, и покрај дарежливите услови, тој немал среќа со апликациите во последните неколку месеци.
Властите велат дека поголемиот дел од руралните ординации се пополнети со странски дипломци по медицина. Просечната плата за еден рурален лекар изнесува од 150.000 до 280.000 долари годишно, а потребни се две-три години за пополнување на едно работно место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
-

Рубио: САД очекуваат воената операција во Иран да заврши за неколку недели
-

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, приведен осомничениот за стореното кривично дело
-

Burnout - Тивко Согорување | Розалија Секулоска | Sitel Podcast
-

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки
-

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ
-

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе градови во ОАЕ
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари
